Грчките земјоделци денес започнаа блокада на граничниот премин Евзони, но не четири, туку шест часа, а истата ситуација ќе се повтори и во наредните денови.
Денес границата ќе биде затворена до полноќ за сите возила.
На граничниот премин „Ники“-„Меџитли“, како што претходно најави АМСМ, има запирање на камиони, кое ќе трае до утре во 10:00 часот.
Протестите на земјоделците во Грција започнаа на 30 ноември и траат повеќе од 40 дена со секојдневни блокади на голем број локации низ целата земја.
The post Во наредните денови, граничниот премин Евзони ќе има шестчасовна блокада од страна на грчките земјоделци appeared first on Во Центар.



