Во новата сезона со нови здрави навики: Cок од целер

Ако размислувате за детоксикација или воведување неколку нови навики во вашата дневна рутина, сокот од целер е она за што сите зборуваат во последниве години.
Во новата сезона со нови здрави навики: Cок од целер
Сè започна со книгата Medical Medium, од Ентони Вилијам. Овој бестселер лекувал голем број луѓе, а неговиот автор се смета за медиум, оној што прима пораки од рана возраст и со тоа ги лекува луѓето со совети. Ако ја оставите таа приказна настрана, сокот од целер, како и моќта на храната, игра многу моќна улога во нашите животи. А целерот е една неверојатна храна што првично ќе ве исчисти од токсини и ќе има позитивен ефект врз вашиот црн дроб.
Сокот од целер е многу лесен за правење, ќе ви треба соковник или блендер. Препорачливо е да го пиете на празен стомак наутро. Едноставно, изблендирајте го и процедете го, а доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете и малку јаболко.


Сокот од целер:
го чисти црниот дроб
помага во лекување на автоимуни заболувања
делува антиинфламаторно
го детоксицира телото
помага при дијабетес
покренува серотонин
богат е со витамин Ц, калиум, витамини Б2 и Б6, влакна, железо, фолна киселина, магнезиум

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.