Во новиот филм “Fahrenheit 11/9” Доналд Трамп е споредуван со Хитлер, а славната пејачка е виновна за неговата победа

Во новиот филм на Мајкл Мур, “Fahrenheit 11/9” се работи за подемот на Доналд Трамп и неговата победа на претседателските избори. Насловот на филмот алудира на неговиот претходен хит за Џорџ Буш. 11.09 е датумот кога беше извршен терористички напад на кулите близначки во Њујорк, додека 09.11.2016 е денот на победата на Трамп.
Пред околу еден месец документарниот филм беше прикажан во САД, а сега премиерата ќе биде прикажана низ целиот свет. Во филмот се пренесува приказната за патот на Трамп до Белата куќа во 2016 година. Мур смета дека на Трамп му помогнале многу негови претходници, вклучувајќи републиканци и демократи.

German dictator Adolf Hitler and his mistress Eva Braun, circa 1942, Image: 333247600, License: Rights-managed, Restrictions: For Editorial Use Only, Model Release: no, Credit line: Profimedia, Hollywood Archive

“Не ни се потребни молитви во овие моменти, потребно ни е делување. Во војна сме за враќање на нашата држава”, рекол Мур на премиерата на својот филм на филмскиот фестивал во Торонто.
Тој го споредува Трамп со Адолф Хитлер, синхронизирајќи ги неговите говори со гласот на Фирерот. И двајцата, вели дека на власт стигнале во демократија, земји силни со либерална традиција и високи културни стандарди.

И двајцата на почетокот ги исмеваа и ги сметаа за несериозни и никој не им се плашеше. Според Мур, денешната Америка е во иста фаза на колективно негирање како и во нацизмот.
Американскиот режисер смета дека за успехот на Трамп е виновна либералната политичка елита, вклучувајќи ги демократите, особено Клинтон и Обама. Мур тврди дека Демократите ја предадоа американската работничка класа, дека премногу се опкружувале со богатите и успешните и дека влегувале во премногу политички компромиси.


Интересно е дека Мур како еден од главните виновници за победата на Трамп ја наведува пејачката Гвен Стефани, чии енормни хонорари на телевизијата NBC го присилија Трамп да одржи серија на јавни собири и да ѝ докаже на телевизиската куќа дека тој е поголема ѕвезда од неа. Тогаш и самиот се изненадил колку луѓе дошле на неговите говори и му “светна” мислата дека луѓето често сакаат да слушнат нешто што воопшто нема потреба да биде вистина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.