Во Обединетите Арапски Емирати забележани најобилните врнежи од дожд во последните 75 години

 – Во Обединетите Арапски Емирати (OAE) оваа недела се забележани најобилните врнежи од дожд во последните 75 години, пренесува Анадолу.„ОАЕ сведочеа на најсилните врнежи од дожд во последните 24 часа, надминувајќи ги сите регистрирани од почетокот на собирањето податоци во 1949 година“, соопшти Националниот метеоролошки центар, пренесе државната новинска агенција ВАМ.Се наведува дека врнежите што паднале во земјата во последните 24 часа „се исклучителен настан во климатската историја на ОАЕ“.Се вели дека повеќе врнежи се очекуваат да се забележат во наредните часови.Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ откажа некои летови поради лошите временски услови, додека многу други беа одложени.Фудбалскиот сојуз на ОАЕ, исто така, најави одложување на сите локални фудбалски натпревари закажани за денеска, а новите датуми ќе бидат одредени подоцна.Националниот комитет на ОАЕ за управување со вонредни состојби ги повика жителите да останат дома и да ги следат безбедносните упатства и да ги напуштат своите домови само во случаи на екстремна вонредна состојба.Во соседниот Оман, државната Агенција за спасување соопшти дека обилните дождови и поројните поплави убиле 18 лица, меѓу кои и девет студенти.Оманските власти се вклучени во спасувачките операции, а училиштата се затворени во шест провинции, вклучувајќи го и Мускат, поради опасните временски услови.Умерени до обилни врнежи се предвидуваат за североисточниот и северниот дел на Оман во наредните денови.

Пронајдете не на следниве мрежи: