Во оваа земја коронавирусот ‘‘пишува’’ нови правила и во јавните куќи

Владата во Швајцарија планира од 8-ми јуни дополнително да ги ублажи мерките за спречување на коронавирусот, а на почетокот немала воопшто намера да дозволи работа во борделите.
Меѓутоа, Асоцијацијата за сексуални работници „Prokore“, направила детален правилник за работа, кој што гарантира безбедност и за клиентите и за проститутките, па ги моли властите да ги отворат јавните куќи.


Освен тоа правилникот предвидува и забрана на контакт помеѓу клиентите, лице в лице, со сексуалната работничка за да се избегне можноста од пренесување на вирусот.
Бакнувањето, според новите правила е строго забрането, а бројот на сексуални пози ограничен на две, кои што од организацијата ги сметаат за најбезбедни.
Чување податоци
Поради безбедноста, клиентите мора да остават свои лични податоци во јавните куќи, со што обврзани се да ги чуваат четири седмици. На тој начин, во случај некоја од проститутките евентуално да биде заразена, здравствените работници би можеле да пронајдат со кој имала контакт.
„Рестрикциите воведени поради епидемијата коронавирус, тешко ја погодија и сексуалната индустрија која што функционира исклучително преку физички контакт. Поради тоа почна да се појавува проституција на црно, а тоа претставува голема опасност за јавното здравје.
Затоа јавните куќи треба да почнат со работа, затоа што сексуалните работнички се на раб на егзистенција. Освен сите наведени правила, подготвени сме и да одржуваме и обуки, за да видиме дали проститутките се однесуваат според правилата“ – напишала организацијата во молба доставена до тамошната влада

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.