Во овие градови се нуди бесплатен градски превоз во замена за пластични шишиња

Звучи одлично, зарем не? Пластичните шишиња се менуваат за карти за градски превоз. Можете ли да погодите кои градови дошле до ваква идеја?
Некои градови ги наградуваат своите граѓани со карти за јавен превоз ако во замена тие донесат пластични шишиња или друг пластичен отпад.
1. Пекинг има посебни автомати во метроата кои прифаќаат пластични шишиња како метод на плаќање.
2. Во Истанбул, жителите можат да го заменат пластичниот отпад со кредит на картичките за метро или некој друг облик на јавен превоз.

3. Во некои индонезиски земји можете да платите карта за автобус со пластични шишиња. На пример, во Сурабаја добивате два часа автобуски превоз за рециклирање на пластичен отпад.
4. Сиднеј исто така има автомати за рециклирање на шишиња, а за возврат тие добиваат карти за автобус или кино.


Иако многумина предупредуваат дека ваквите опции можат да доведат до зголемување на потрошувачката на пијалаци во пластични шишиња, таквата опасност веројатно е минимална бидејќи луѓето и онака купуваат сокови и вода, а подобро е шишињата да се рециклираат по употребата отколку да завршат некаде во природата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.