Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник

 Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни. Согласно Изборниот законик,  во овој круг нема лимити  и за да се избере градоначалник  потребно е за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од граѓаните што ќе излезат на изборите.

Гласањето почнува во 7:00 часот, а избирачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација.
Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места,   Маврово Ростуше има 40 избирачки места,   Врапчиште на 39 избирачки места  a bројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562 .
Вчера во овие општини гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот на прес-конференции и преку соопштенија ќе информира за текот на гласањето и за излезноста на гласачите. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени откако до нив ќе бидат доставени од општинските изборни комисии.

Пронајдете не на следниве мрежи: