Во Отава двокатен автобус удри во автобуска станица, 3 лица загинати и 23 повредени

Три лица загинаа и 23 се повредени во сообраќајна несреќа во Отава откако двокатен градски автобус удри во автобуска станица во градскиот кварт Вестборо. Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон рече дека двајца патници од автобусот и човек кој чекал на станицата ги загубиле животите во „ужасната“ несреќа. Меѓу повредените четиринаесет луѓе се во критична состојба.
Сообраќајката се случила околу 16 часот по локално време. Во моментот на несреќата автобусот бил полн со патници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.