Во пожар во зграда во Краснојарск загинаа осум лица, меѓу кои и четири деца (ВИДЕО)

Осум лица, од кои четири се деца загинале во пожар во станбена зграда во градот Краснојарск во Русија, соопшти  руското Министерство за вонредни состојби.
Пожарот избил околу 22,30 часот по локално време на третиот кат од зградата , пожарникарите на местото на пожарот пристигнале само 8 минути по добивањето на повикот, пренесе ТАСС.
“Откако пожарот е изгаснат, пронајдени се тела на осум лица, вклучувајќи и четири деца“, изјавиле од министерството.
Анонимен извор од локалната администрација за ТАСС изјавил , дека во пожарот загинале обвинителот Василиј Федорков од блискиот град.
Анонимен извор од локалната администрација за ТАСС изјавил , дека во пожарот загинале обвинителот Василиј Федорков од блискиот град.
“Во пожарот настрадале обвинителот и неговото семејство, како и семејството на неговата сестра“, истакнал изворот за ТАСС.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.