сабота, 28 ноември 2026
Најново

Во понеделник автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ЈСП Скопје информира дека поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, во понеделник автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
-Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно). Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници, информираат од претпријатието.
Дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарницитре на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

Поврзани вести