четврток, 26 ноември 2026
Најново

Во последните неколку недели има пријави за надворешно мешање во изборите, тврди косовската полиција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Косовската полиција и Врховниот обвинител на Косово денес објавија дека во последните недели добиле бројни пријави за надворешно мешање во предвремените парламентарни избори што ќе се одржат утре, недела, 7 јуни.

„Во текот на изминатите неколку недели, институциите за спроведување на законот примија и обработија бројни информации во врска со сомневање за надворешно мешање и нелегални активности насочени кон влијание врз слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес“, се вели во заедничкото соопштение.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Надворешното мешање во изборите, како што наведоа, претставува сериозна закана за демократијата, независноста и слободната волја на граѓаните.

Како резултат на истражните и оперативните дејствија, на 19 мај беа уапсени седум лица под сомнение за кривични дела поврзани со кршење на слободниот избор на гласачите и вршење политички притисок во општина Грачаница.

Исто така, на 4 јуни, во истата општина, беше уапсено уште едно лице под сомнение за примање и давање поткуп во врска со гласањето.

„Овие дејствија покажуваат активни напори за мешање во изборите и решителност на институциите на Република Косово да го заштитат интегритетот на изборниот процес и да се борат против секој обид за нелегално влијание врз слободната волја на гласачите“, се вели во соопштението.

Тие додадоа дека надлежните институции продолжуваат да обработуваат и други информации, како внимателно да следат каква било активност што може да го загрози интегритетот на предвремените парламентарни избори на 7 јуни.

Поврзани вести