Во Романија се заразени 500 медицинари, 200 во болницата со нултиот пациент

Во Романија се заразени 500 медицинари, 200 во болницата со нултиот пациент. Ова може да доведе до целосен колапс на здравствениот систем во таа држава.

Кризата е сконцентрирана на една болница на североистокот на Романија и таа го влоши ширењето на коронавирусот во оваа земја, што беше причина за карантин на градот Сучево и околината за да биде запрено ширењето на заразата.

Во меѓувреме од околу 500 здравствени работници заразени со коронавирус, најмалку 200 се од локалната окружна болница, која беше жестоко критикувана поради лоши безбедносни мерки, лошо управување со епидемијата. Но сега е веќе доцна. Вирусот е раширен.

Во недостиг на насоки од центарот тие импровизирале и направиле катастрофални грешки. Нултиот пациент дошол од пат во Ломбардија, Италија. Несоодветната реакција и ненавремена ќе има несогледиви последици…

Прочитајте уште и:

Македонија според стапката на тестирања за КОРОНАВИРУСОТ е втора во регионот

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.