Во Русија од експлозија на гас се сруши станбена зграда

При уривање на станбена зграда во рускиот град Магнитогорск загинаа три лица, а околу 80 се водат како исчезнати. Според руското Министерство за цивилна заштита, вонредни состојби и справување со последиците од елементарни непогоди, целосно се урнати или оштетени 48 станови во зградата, во кои живеат 1.100 луѓе. Трагедијата, како што соопшти Министерството, најверојатно се случила заради експлозија на системот за гас. Тоа е за сега е единствената верзија за причините за инцидентот што се истражува.
Евакуирани се 60 лица, а студеното време дополнително ја отежнува спасувачката операција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.