Во сабота ќе се знае новиот владин состав

Во сабота се очекува премиерот Зоран Заев да го претстави новиот владин кабинет, до кога се очекува да „падне“ и договорот со ДУИ, за двајцата функционери на оваа партија кои ќе бидат опфатени од метлата на премиерот, неофицијално дознава Алсат-М.
– Врз основа на информациите што јас ги имам, лидерите се во преговори кои се во тек и наредните денови ќе излезат со конечна одлука – изјавил Билен Салији од ДУИ.


Алсат јавува дека се очекува министерот за финансии, Драган Тевдовски да се замени со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, но не се отфрла можноста во финансии да премине Кочо Анѓушев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.