Во САД бројот на инфицираните од КОРОНАВИРУСОТ ја надмина бројката од 300.000

Во САД бројот на инфицираните од КОРОНАВИРУСОТ ја надмина бројката од 300.000

Соединетите Држави веќе имаат најголем број на пријавени случаи во светот на КОРОНАВИРУСОТ, респираторна болест слична на грип. Повеќе од 300.000 луѓе СЕ ПОЗИТИВНИ на тестирањето во САД, а досега над 8.100 починале.

Медицински експерти од Белата куќа прогнозираат дека меѓу 100.000 до 240.000 Американци ќе бидат жртва на пандемијата, дури и ако се следат наредбите да останат дома. Значи состојбата не е сјајна воопшто.

Речиси сите Американци се под наредба на државните и локалните власти да останат дома, освен за основните излегувања, како што се купување намирници или за посета на лекар.

Погоре може да се види дека состојбата забрзано се влошува. И бројките расната рапидно.

Само во Њујорк се повеќе од една четвртина од смртните случаи, според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“. Болниците и мртовечниците во градот се борат да ги лекуваат очајно болните и да ги погребаат мртвите.

Прочитајте уште и:

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.