сабота, 28 ноември 2026
Најново

Во САД двајца хакери се обвинети за врски со кинеската Влада

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во САД двајца хакери се обвинети за врски со кинеската Влада

Американското Министерство за правда денеска обвини двајца хакери поврзани со кинеската Влада.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според обвинението, цел на хакерите биле компании што  развиваат вакцини против коронавирусот, а од фирми низ светот двајцата успеале да украдат интелектуална сопственост и трговски тајни, чија вредност се проценува на неколку стотици милиони долари.

Хакерите во измиантите неколку месеци ги истражувале слабостите на компјутерските мрежи на компании познати по тоа што работат на развојот на вакцини.

Ова е последен во низата агресивни потези на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против Кина. Трамп, чии шанси за реизбор во ноември се намалени поради епидемијата на коронавирусот, претходно ја обвини Кина за пандемијата.

Американските обвинители соопштија дека хакерите ги украле информациите не само за лична корист, туку и затоа што знаеле дека тоа ќе има вредност за кинеската Влада.

Хакерите ниту се во притвор, ниту се наоѓаат во САД, но американските власти одлучија дека ќе имаат повеќе корист доколку го поднесат обвинението отколку да чекаат двајцата да влезат во земјата, што не било веројатно.

Поврзани вести