Во сапуницата се појави и љубовницата на Врањеш. Љубоморната Карлеуша му напишала “остави ја или…“

Во врската на Огњен Врањеш и Јелена Карлеуша минатото лето дошло до несогласувања, па за да ја направи љубоморна тој започнал врска со Каќа Груиќ. Очигледно тоа и му успеало, затоа што како што дознаваме, таа доживеала нервен слом кога дознала за неговата врска со нејзината колешка за која претходно имала само пофални зборови.
– Јелена му го помати умот на Огњен. Му беше тешко заради разделбата, ниту нејзе не и беше сеедно и тој тоа добро го знаеше. Свесен што може да ја изнервира и на што ќе реагира Огњен започна врска со Каќа, која му се допаднала штом ја запознал, и со која прво се допишуваа и се гледаа само како пријатели. Знам дека ја почитуваше, им беше убаво, нему му се допадна што таа Каќа е свој човек, но од друга страна размислуваше како ќе реагира Јелена кога ќе дознае дека нашол друга, открива за српски “Курир“ извор близок на босанскиот фудбалер, додавајќи дека успеал во својата намера да предизвика љубомора кај Карлеуша, заради што на крај и раскинале.
Некое време Каќа и Огњен криеле дека се заедно, на почетокот таа дури и го прекривала неговото лице на секоја фотографија. Но, потоа нешто се променило и двајцата поставиле заеднички фотографии на Инстаграм. Кога Јелена видела дека тие двајца се бакнуваат, споулавела. Му се јавила и го нападнала. Му рекла дека не го очекувала тоа од него и дека ако не раскине со Каќа, неа никогаш повеќе нема ниту да ја слушне ниту да ја види.
Иако свесно ја предизвикал оваа реакција на Јелена на Врањеш не му било сеедно што треба да ја остави Каќа. Но, бидејќи повеќе ја сакал Јелена, по три месеци, сепак, раскинал со Каќа. Тоа веднаш и го соопштил на Јелена, по што врската меѓу нив двајца продолжила и траеше се додека Душко Тошиќ не ги нашол пораките во мобилниот телефон на својата сопруга.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.