петок, 27 ноември 2026
Најново

Во секоја шега има малку вистина: Какви се хороскопските знаци кога ќе се разбудат?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Секој од нас има различни навики, наутро. За некои хороскопски знаци, будењето е лесно, а за други пак како ноќна мора.
Како се однесуваат хороскопските знаци по будењето?
06:00 ч. Девицата станува и го чисти купатилото пред туширање. По миењето заби, четката ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место, далеку од останатите работи во купатилото.
06:15 ч. Јарецот го исклучува бојлерот. Истекло времето за евтина струја.
06 20 ч. Водолијата оди на утринско трчање.
06:30 ч. Вагата и Лавот се пред огледало, ставајќи си хидратантна крема на лицето и гел за коса.
06:40 ч. Биковите појадуваат Нутела со голема лажица.
06:45 ч. Стрелецот оди и го вклучува бојлерот.


07:00 ч. Ракот прави сендвичи, Девиците цедат сокови, Близнаците сè уште се во кревет, со мобилниот во рака, ги проверуваат социјалните мрежи.
07: 05 ч. Шкорпијата ја руши вратата од бањата. Вагата излегува навредена, со несесер во рацете.
07: 10 ч. Овенот станува од спиење и вклучува штоперица.
07: 10: 45 Овенот е среден и трча по скалите. Ја исклучува својата штоперица.
07: 15 ч. Бикот ја струга теглата со Нутела. Нема веќе.
07: 20 ч. Вагата и Лавот уште стојат пред огледало, последна проверка пред излегување. Си се восхитуваат себеси.
07: 30 ч. Водолијата се тушира со студена вода. Јарецот повторно го исклучил бојлерот.
07: 40 ч. Сите заминуваат.
07: 45 ч. Близнаците се враќаат дома, заборавиле 1 од трите телефони.
07: 50 ч. Повторно се враќаат, си го заборавиле паричникот дома.
8:00 ч. Рибите се будат, сфаќаат дека се заклучени во станот.
Така е секое утро. Иста приказна.

Поврзани вести