Во семејството на Александра и Филип Живојиновиќ денеска се слави- пејачката за прв пат ја сподели оваа фотографија со фановите

Пејачката Александра Пријовиќ на денешен ден во 2019 година стана мајка откако претходно на свет го донесе своето прво дете Александар кој го доби со сопругот Филип Живојиновиќ.
По тој повод пејачката денеска за прв пат објави фотографија од болницата кога за прв пат го земала во раце синот и се фотографирала со него.


-Ангел мој мал, ова е нашата прва фотографија пред точно две години, најубав и најемотивен момент во мојот живот. Ти благодарам за најслатките моменти, смеата, среќата и љубовта. Денеска е твојот ден, и едвај чекам да се разбудиш и да ти ја отпееме твојата омилена песна и да дуваш свеќички, вели пејачката во својата објава.
Парот се венчаше во јуни 2018 година, а една година подоцна станаа и родители на денеш ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.