Во Сибир пронајдена глава на волк стара 40 000 години во совршена состојба (ВИДЕО)

Сочувана глава на волк од леденото доба, кој најверојатно починал пред 40.000 години, пронајдена е во Сибир. Заради студот и мразот, остатоците се во совршена состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.
Локалниот жител, Павел Јефремов ја пронашол главата во рускиот арктички регион Јакутск, на крајбрежјето на реката минатата година, а сега научниците излегле со нови информации за ова откритие. Остатоците на животното се предадени на Академијата за науки во Јакутск, каде истражувачите со помош на колегите од Јапонија и Шведска, ја утврдиле возраста на волкот.

Се работи за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период. Според проценката на научниците станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци, но не наведуваат дали станува збор за мажјак или женка. Сега останува научниците да откријат уште како главата се одвоила од телото, но ќе продолжат со истрагата на терен.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK