Во Сирија вчера вечер е убиен и вториот човек на Исламската држава

Во заедничкиот напад на Курдите и на американските сили на северот на Сирија е убиен и вториот човек на Исламската држава, јави Канал 5.
Сириските демократски сили (СДФ), во кои главен дел се од курдската ППГ, објавија дека ја таргетирале целта во близина на сирискиот пограничен град Џараблус, според разузнавачките информации обезбедени од СДФ и американската војска.


Главниот командант на СДФ, Мазлум Абди, рече дека нападот е „продолжение на претходната операција“ во која загина Абу Бакр ал-Багдади, водач на ИД.
Водачот на Ид, Абу Бакр ал-Багдади, беше убиен во операцијата на американските специјални сили во североисточна Сирија во текот на ноќта во неделата, што и нанесе сериозен удар на џихадистичката група.
Абди на Твитер напиша дека портпаролот на ал- багдади бил мета во селото Аин ал-Бајд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.