Во снежното невреме во САД најмалку петмина загинати

Снежното невреме што предизвика големи проблеми во средниот дел на САД се приближува кон Вашингтон. Невремето почна како силен дожд од Мексико, кој се претвори во снегжна вејавица  и зафати регион од 2. 700 километри од Колорадо до средниот запад на САД. Најпогодени се државите Канзас и Мисури , како и делови на Ајова , Илиноис, Индијана и Охајо. Во невремето до сега во сообраќајни несреќи во државите Канзас и Мисури загинале најмалку пет лица, а десетици авионски летови од аеродромот во Сент Луис се откажани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.