Во сообраќајка кај Кондово повредени две лица

Момче е тешко повредено откако тинејџер изгубил контрола над возилото на локалниот пат село Кондово-село Свиларе, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 18.53 часот на локалниот пат село Кондово – село Свиларе, скопско, А.М.(19) од с.Кондово, управувајќи патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото. Во незгодата сопатникот М.А.(18) од село Кондово се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.