Во Србија утрово нови 11 позитивни случаи- вкупната бројка е повеќе од загрижувачка за целиот регион!

Во Србија утрово до 8 часот се регистрирани вкупно 83 заболени пациенти од коронавирус.
Како што објавуваат српските медиуми утрово се регистрирани нови 11 позитивни случаи и 32 негативни од вкупно 47 луѓе кои биле тестирани.
Во домашна изолација се наоѓаат четворица пациенти со лесна клиничка слика, додека седум лица се задржани на болничко лекување без компликации во стабилна состојба.
До денес во Србија се тестирани вкупно 421 пациент кој ги исполнил критериумите за испитување од овој нов вирус кој хара низ светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.