Во Струмица, Куманово и Скопје утринава „тешко се дише“

Според податоците од страната Аir care, неколку градови во Македонија денеска се екстремно загадени.

Струмица e меѓу најзагадените градови со индекс 399.

За второто место утрово е Куманово, каде индексот на загаденост изнесува 255, а во Скопје со индекс на загаденост е 247.

Следуваат Кавадарци и Крушево, каде индексот на загаденост изнесува 164, односно 176.

Скопје утрово се најде на четвртото место на најзагадени градови во Европа со повеќе од 300.000 жители, веднаш зад Белград и Крајова, а најзагаден град во Европа денеска е Сараево.

Пронајдете не на следниве мрежи: