Во судар меѓу автобус и автомобил-еден загинат и петмина повредени

Во тешка сообраќајна несреќа која изутрината во 5:45 часот се случи на магистралниот пат Струга – Охрид на крстосницата кај Струшкото село Мислешево едно лице го загуби животот, а пет се повредени.
Несреќата се случила при судар на автобус со Охридски регистерски таблички и патничко возило “Шери“ со Струшки ознаки. Возачот кој го управувал автомобилот се здобил со тешки повреди од кои починал. Неговиот идентитет се уште не е утврден, како ни тоа за какви повреди се работи кај другите патници.
На местото на несреќата увид извршиле надлежен јавен обвинител и полициски екипи од Полициската станица – Струга.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.