четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, 1 лице транспортирано на Клиниката за токсикологија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место.
–  Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите, порача министерот Алиу.
Директорот на Клиника за токсикологија, д-р Арѓенд Имери информираше дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.
Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но најважно е дека се наоѓа во добра состојба. Денеска во текот на денот уште тројца пациенти се амбулантски прегледани на Клиниката и пуштени дома, истакна д-р Имери.

Поврзани вести