Во четврток во Скопје ќе се врши прскање против комарци

Градот Скопје информира дека на 29.08.2019 година (четврток) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје. На истиот датум, во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.