Во Чиле јадењето со раце е навреда, а во Кина не смеете да ги гледате луѓето право в очи

Патувањето за некои луѓе значи побегнување од секојдневниот стрес на работа, а за другите тоа е искуство и запознавање на различни култури.
Пред да отпатуваме во некоја земја би требало да се запознаеме со правилата на однесување на нејзините жители кои важат и за туристите.
Во Русија никогаш не треба да поклонувате парен број на цветови затоа што тој гест се смета за навредлив и некоректен. Парниот број цветови се носи само на погреби.


Во Кина треба да избегнувате директен контакт со очите со Кинезите затоа што тоа се смета за непочит. Кинезите тоа го прават кога се лути на некој па доколку сте во нивна близина и сакате да останете со нив во добри односи не гледајте ги право во очи.
На Тајланд никогаш не треба да зборувате лоши работи за кралот затоа што тоа носи проблеми во таа држава. Истото тоа значи и доколку ја згазнете нивната валута тогаш тие ќе ве гледаат како криминалци.
Во Норвешка луѓето не треба да ги прашувате дали одат во црква затоа што во таа држава мал процент од луѓето одат во црква па тоа би можело да биде непристојно.
Доколку се најдете во Индија не треба да носите чевли во внатрешноста на индиските храмови и домови.


Во Соединетите Арапски Емирати туристите не смеат јавно да се бакнуваат затоа што тоа може да создаде многу проблеми.
Во Сингапур строго се забранети некои опасни видови кучиња, но и за останатите кучиња постојат строги правила.


Французите многу се горди на својата кујна, па заоа се препорачува во рестораните туристите да не порачуваат неколку видови јадења. Доколку ја оставите храната во својта чинија тоа може да го навреди готвачот.
Доколку во Чиле јадете со раце тоа е голема навреда и се смета за безобразлук. Тоа важи и за помфритот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.