недела, 15 ноември 2026
Најново

Во Шутка синоќа убиена жена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Жителка на скопската населба Шуто Оризари синоќа била убиена, објави 24 Инфо. Според извори од истрагата, убиството се случило вечерта околу 22:30 часот. Триесет и едногодишната жена настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале межусебна расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.
Едниот братучед заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.
Од МВР го потврдија убиството, а според полицијата приведени се две лица. Повеќе детали се најавуваат во текот на денешниот ден.

Поврзани вести