Во 2025 година социјална заштита користеле 76 250 лица, од кои 16 743 малолетни и 59 507 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество од 50.3 % имаа услугите на социјалната работа.
Од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, пак, најголемо учество од 84.6 % имаа услугите на социјалната заштита.
Во 2025 година, 35 950 домаќинства користеле гарантирана минимална помош.



