Вработените во палатата ѝ дале прекар кој кажува сè за нејзиното однесување

Официјално таа е војвотката од Сасекс, а неофицијално е Меган Маркл, но вработените во Кенсингтонската палата за неа имаат прекар кој досега бил сокриен од јавноста.
Како што пренесуваат британските медиуми, вработените во палатата смислиле прекар, кој според нив совршено го опишува однесувањето на Меган. Имено, според нив, сопругата на принцот Хари е многу слична на неговата покојна мајка, принцезата Дајана, па ја нарекле Ди 2.
Начинот на кој Меган се однесува кон нив и колку е едноставна и опуштена, ги потсетило на деновите кога во палатата живеела принцезата Дајана, на која најверојатно Меган многу потсетува.„Слушнав дека помеѓу себе ја нарекуваат Ди 2, бидејќи нејзиното однесување многу ги потсетувало на Дајана. Мислам дека тоа е вистина и дека многу се слични“, рекол извор близок на кралското семејство.

Кралскиот фотограф, Март Стеварт исто така забележал сличности.
„Меган е многу самоуверена пред камерите, а истото го видовме и кај принцезата Дајана. Камерата ги сака, а и тие неа. Тука е и љубовта кон модата и посебниот моден вкус. Дајана сакаше „Versace“, а Меган „Givenchy“. Сакаат класици, елеганција и сигурни бои“, рекол Март.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.