Врањеш и задава нов удар на Карлеуша: Сковал план кој целосно ќе ја уништи пејачката

Огњен Врањеш и понатаму војува со пејачката Јелена Карлеуша, така што медиумската бура околу нивната афера се уште не стивнува. Огњен реши да и зададе нов удар, па веќе неколку дена се распрашува за луксузни вили на Дедиње, односно во соседство на Карлеуша во намера таму да се пресели.
Врањеш не ги заборавил зборовите на Јелена кои му ги упати во ек на скандалот кога јавно му порача дека ќе биде протеран, па се реши на чекор со кој во најмала рака ќе ја излуди Јелена, а можеби ќе ја натера и да се пресели.


-Врањеш интенивно се распрашува за вили на Дедиње и на агентите за недвижнини им напоменува дека најмногу го интересираат куќи во близина на домот на Душко и Јелена. Тој отсекогаш сакал да има голема куќа во Белград, а после скандалот со ЈК сватил дека е дојден вистинскиот момент да ја купи, бидејќи со тоа ќе убие две муви со еден удар – вели добро информиран извор и напоменува дека целта на Врањеш е целосно да ја уништи Карлеуша.
За оваа намера на Врањеш дознала и Карлеуша.
-На Карлеуша, сосетка кој со години продава куќа, и јавила дека Огњен се распрашувал за нејзината вила, а Јелена после овие информации доживеала нервен слом. Викала на цел глас: Дали таа будала ќе ми се симне од грб?Не можам веќе да издржам поради тој скот. Јелена е под голем стрес, а Врањеш како да е опседнат од неа и нема намера да ја остави на мира. Само уште ова и фалеше – рекол изврот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.