Врањеш очигледно не се откажува, се уште и праќа тајни пораки на Карлеуша

Во екот на порно аферата со Огњен Врањеш која го разбранува целиов регион, Јелена Карлеуша замина кај сопругот Душко Тошиќ во Кина. Брачната двојка во семејна атмосфера го прослави  34-от роденден на фудбалерот.
Истиот ден пејачката се огласи на Инстаграм, каде по подолг период објави што прави. Во тегет тренерки со ѕвездички и во удобни патики на фотографијата се гледа како ужива во погледот на градот, со дигнати и прекрстени нозе.
Но, многу брзо стигна нов шок. Имено, само еден ден по роденденот на Душко, Врањеш објави Инстаграм приказна многу слична на нејзината. Во копачки, најверојатно пред тренинг, седнат во иста поза како и таа на пејачката сними кратко видео.
Претходно Врањеш во јавно обраќање со писмо истакна дека сите спорни фотографии, допишувања и снимки се “производ“ на двегодишната тајна врска со пејачката.
Јелена, нормално, тоа остро го демантираше, наведувајќи дека знае дека зад аферата не стои еден човек, туку група луѓе чија цел е да и наштетат нејзе и на нејзиното семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.