Вреди промовира пристап на поделена Влада односно сите од нашите ќе си се редат, сите по малку да си играат министри или Влада и на крај да завршат како амбасадори… !?
Беким Сали прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа министер за животна средина, Орхан Муртезани амбасадор во Брисел и Башким Бакиу нов министер за здравство на местото на Азир Алиу кој пак, ќе биде директор на Агенцијата за електронски комуникации. Ова ќе биде понудата на Вреди до премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите места во Владата по локалните избори откако Изет Меџити стана градоначалник на Чаир, потврдиle за „Слободен печат“ високи функционери од Вреди.
По неколку недели разговори, во Вреди конечно паднал договор за распределба на министерските позиции. Во текот на преговорите имаше неколку комбинации и рокади на министри од Вреди. Ако премиерот ги потврди новите кадровски решенија, се очекува до крајот на неделата предлозите за нови министри да влезат во собраниска процедура
Сепак,и да е тој предлог, Премиерот Мицковски порача дека нема да излегува од рамката која веќе е договрена како колициска соработка помеѓу Вреди и ВМРО ДПМНЕ, и дека нема да добијат плус министер.
Како мали Ѓокица замислува
Овие рокади, ако движат на тој начин, звучат како да ВРЕДИ си располага со колачот од Владата, па може да си го игра и дели како сака , без да некој му се меша , дали премиеорот или некој друг, и без да се мери дали некој покажал некој резултат досега и како кадар заслужува да остане . Вреди промовира пристап на поделена Влада односно сите од нашите ќе си се редат, сите по малку да си играат министри или Влада и на крај да завршат како амбасадори… !?


