среда, 18 ноември 2026
Најново

Вредноста на биткоинот паѓа за првпат по победата на Трамп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Биткоинот го забележа првиот пад по десет дена раст на крилата по победата на Доналд Трамп на изборите во Соединетите Американски Држави.

Неговата вредност падна за 0,73 отсто на 85.260,37 евра во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути, Binance.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 80,78 милијарди евра, што претставува висока вредност.

Индексот на страв и алчност за Биткоин денес е на ниво од 80 во категоријата „екстремна алчност“, а тоа покажува дека расположението на инвеститорите е сè уште одлично и дека веруваат во растот на цената на биткоинот.

Денеска најмногу се тргува со биткоин, итриум и дуцкоин (DOGE). Криптовалутите VITE, CLV и XRP моментално бележат најголем раст.