Временска до крај на месецот: Не чека промена со времето

Времето денеска беше претежно ведро со слаб променлив ветер. Преку ноќта ведро и свежо и со слаб ветер од северен правец.
Времето утре сончево, во текот на денот релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти меѓу-1и6, а максималната ќе достигне од21 до 29 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло со температури од 4 до 26 степени.


До вторник ќе се задржи сончево време. Промена на временската состојба ќе има од среда кога дневната температура позначително ќе опадне, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.