среда, 11 ноември 2026
Најново

Времето денес сончево со мала до умерена облачност

Во Македонија времето ќе биде претежно сончево со умерена облачност. По котлините ќе има услови за појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1, а дневната од 6 до 11 степени Целзиусови.
И во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Во следните денови следува период на претежно стабилно време со умерена до значителна облачност и со услови за појава на магла по котлините. Во западните делови повремено ќе има појава на слаб локален дожд, особено во вторник кога и облачноста ќе се зголеми. До средината на следната недела дневната температура ќе бележи постепен пораст.

Пронајдете не на следниве мрежи: