Времето денес сончево, температурата до 36 степени

Во текот на денешниот ден ќе имаме стабилно и сончево време, а температурата ќе достигне максимална вредност од 36 степени Целзиусови.
Утрово температурите се движат помеѓу 9 и 17 степени, додека во текот на денот ќе бидат меѓу 26 и 36 степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и стабилно, со можност за умерена облачност во текот на попладнето.
И во следните денови имаме сончево и топло време, со тоа што утрата и ноќите се доста посвежи во однос на минатата недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.