Време е за обединување на политичките сили и финализирање на процесот, порача Нимиц

Постапката на Парламентот вчера е важен чекор за Македонскиот народ и многу сум охрабрен од преземените дејства, изјави Метју Нимиц, медијатор и пратеник на Генералниот секретар на ОН во спорот за името.
Во изјава за МИА тој укажа дека најмногу е импресиониран од начинот на кој се спроведуваат уставните процеси и демократијата во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, тој додал дека секој во Македонија треба да биде горд што таква тешка одлука беше донесена на ваков начин.
“Знам дека беше тешко да се донесе одлуката, бидејќи работев на проблемот околу 24 години. Никој тоа не го знае подобро од мене“, укажа Нимиц.
Тој го повика политичкото лидерство на земјата, сите политички партии и оние кои имаат различни гледишта, да работат заедно и да го финализираат процесот со имплементација на договорот.
-Голем оптимист сум за вашата земја и сигурен сум дека има прекрасна иднина, изјави Нимиц.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.