четврток, 12 ноември 2026
Најново

Врховниот безбедносен орган на Иран одлучи да го затвори Ормутскиот теснец

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Врховниот совет за национална безбедност на Иран ќе донесе конечна одлука дали да се затвори Ормутскиот теснец, соопшти денес иранската Прес ТВ, откако парламентот наводно ја одобрил мерката.Одлуката за затворање на теснецот, низ кој минува околу 20 проценти од глобалната побарувачка за нафта и гас, сè уште не е конечна. Но, пратеникот и командант на Револуционерната гарда, Есмаил Косари, денес изјави пред Клубот на млади новинари дека тоа е на дневен ред и дека „ќе се направи секогаш кога ќе биде потребно“.„Ќе се браниме со сите средства“Иранскиот министер за надворешни работи денес изјави дека Иран ќе се брани „со сите средства“ по американските напади врз клучните локации на иранската нуклеарна програма.„Исламската Република Иран ќе продолжи да ја брани својата територија, својот суверенитет, својата безбедност и својот народ со сите потребни средства“, изјави Абас Аракчи на маргините од состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул.,,Мојата земја е нападната, таа е нападната и ние мора да одговориме во самоодбрана. Ќе го сториме тоа“, предупреди тој.

Поврзани вести