Втор протест пред УЈП и блокади во Куманово на 5 јануари!

На социјалните мрежи се шири повик за втор протест пред УЈП и блокади на крстосници во Куманово.

Во продолжение повикот:

📢📢 ПОВИК ЗА ВТОР МИРЕН ПРОТЕСТ 📢📢

*На 5 јануари 2026 година од 12:00 do 15:00 повторно се собираме пред зградата на УЈП во Куманово на раскрсницата со блокирање на улиците Моша Пијаде, Иво Лола Рибар и Маршал Тито , обединети и достоинствени, за да ја кажеме вистината гласно.
*Ги повикуваме сите граѓани кои се засегнати од неправдата, како и сите што сакаат да нè поддржат.*
Нè има многу – од сите градови, од сите националности, луѓе кои со години придонесувале за ова општество, а денес истото тоа општество им врти грб.
Ова не е борба на поединци.
Ова е борба за правда, еднаквост и достоинство.
Ова не е политички протест.
Ова е борба против неправдата.

  • 📍 5 јануари – пред УЈП Куманово 12 – 15ч
    📍 Да се обединиме
    📍Да бидеме гласни
    📍Да кажеме едногласно: ДОСТА Е ОД НЕПРАВДА
    📍 Не прифаќаме селективна правда.
    📍Не прифаќаме закани, притисоци и ретроактивни толкувања и закони.
    📍Не прифаќаме институции што ги казнуваат сопствените граѓани.

Мирно, но решително.
За нас, за нашите семејства, за иднината.

Пронајдете не на следниве мрежи: