Вучиќ: На ќерка ми и се закануваа со силување, а на син ми со смрт

Српскиот претседател Александар Вучиќ во утринската програма на Прва ТВ говореше за сите важни теми во Србија, за Косово, ЕУ, Железарата и заканите кон неговото семејство.
–Многу е битно што јас правам за Србија. Борбата за Смедерево беше голема, мислев дека е невозможна мисија. Илјадници часови работа е вложено во тоа и јас тој ден сакав да ја споделам мојата радост бидејќи спасивме 5.000 луѓе и железарата за која требаше да платиме 100 милиони евра само да ја уништиме и да останеме без ништо … ама на некој тоа му пречело – посочи Вучиќ.
Вучиќ додал дека некој не можел да поднесе тој да кажува добри и убави вести, па одговорил со коментари и навреди кон неговите деца.


–На мојот син Данил му се закануваа со смрт, а на ќерката Милица со силување. Како таа се справува со тоа? На Милица не мора премногу да ѝ објаснувате. Таа е јака, таа знае … или само добро ги крие емоциите. Секогаш мислев дека сум добар психолог, но … што би направил вашиот татко ако некој вас ви го каже тоа – рече Вучиќ, кој смета дека станува збор за политичка омраза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.