среда, 11 ноември 2026
Најново

Вучиќ: Пензиите во Србија ќе бидат зголемени за 12,2 проценти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека пензиите ќе бидат зголемени за 12,2 проценти од 1 декември. Просечната пензија ќе изнесува 485 евра, прецизираше Вучиќ. Тој најави дека минималната плата повторно ќе биде зголемена од 1 јануари.

„Наместо 436 евра, колку што е просечната пензија денес, таа ќе изнесува 485 евра“, рече Вучиќ во обраќањето до јавноста во Палатата на Србија во врска со новите државни мерки во корист на српските граѓани. „Ова е прекрасна вест за нашите најстари граѓани. Од 1 декември, почитувани граѓани на Србија, пензионери, наши драги татковци, мајки, дедовци, баби, вашата пензија ќе биде зголемена за 12,2 проценти“, рече Вучиќ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој потсети дека минатиот декември пензиите се зголемени за 10,9 проценти, што, нагласи, е вкупно кумулативно зголемување од 24,4 проценти на пензиите во споредба со ноември.

Поврзани вести