Вучиќ по обраќањето во ОН, јаде сендвич: „Да соберете енергија – продолжуваме со борбата за Србија до доцна во ноќта“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес се обрати на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде што ја нагласи посветеноста на Србија на зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на својот народ.

По завршувањето на својот говор, Вучиќ објави на својот Инстаграм дека ќе продолжи „со борбата за Србија до доцна во ноќта“.

„Говорот е завршен, сега навалете на сендвичите за да соберете енергија за претстојните состаноци. Продолжуваме со борбата за Србија до доцна во ноќта!“, наведува Вучиќ во објавата.

Во текот на денот во ОН, Вучиќ ја нагласи важноста на дијалогот, соработката и мирот, додека Србија останува цврсто посветена на заштитата на своите граѓани и зачувувањето на иднината на земјата.

https://www.instagram.com/p/DO_nvO_kdLl/?utm_source=ig_embed&ig_rid=ef2eeba7-70f8-46a0-8b94-73fea9a89d7e

Пронајдете не на следниве мрежи: