Вучиќ разговараше со Лавров

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Во долг и срдечен разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, разговаравме за билатералните односи, се договоривме за понатамошно подобрување на економската соработка, учество во заеднички проекти, а воедно ги анализиравме и политичките односи, со желба за понатамошно подобрување на комуникацијата и соработката на различни форуми, организации и институции на меѓународно ниво“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.

Во исто време, како што рече, „разговаравме за ситуацијата, пред сè политичката, во регионот, во Босна и Херцеговина, кризата што беше предизвикана однадвор, со постојани напади врз Република Српска“.

„Го информирав и министерот Лавров за внатрешната ситуација, особено кога станува збор за ситуацијата во Косово и Метохија и обидите за постојано протерување на нашето население од нивните вековни татковини, како и за молчењето на мнозинството од меѓународната заедница. Беше договорено дека ќе продолжиме да работиме на развивање на нашите односи во различни области“, нагласи Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: