Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена на дијалогот и меѓународното право

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со францускиот претседател Емануел Макрон за билатералните односи и регионалните прашања, особено во светлината на актуелните случувања во Босна и Херцеговина и АП Косово и Метохија.

„Нагласив дека Србија останува посветена на сите процеси насочени кон зачувување на мирот, соработката и просперитетот и повторив дека развојот на земјата, благосостојбата и заштитата на српскиот народ се наши клучни национални интереси. Ја нагласив нашата посветеност на дијалогот и почитувањето на меѓународното право, како и нашата подготвеност да придонесеме за долгорочната стабилност на регионот“, рече Вучиќ на социјалните мрежи.

Вучиќ му изрази благодарност на Макрон за неговиот личен ангажман во Западен Балкан, како и за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на Србија на нејзиниот европски пат и го покани да ја посети Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи: