Вучиќ: Русите преговараат со тројца партнери за продажба на акции во НИС

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека руските сопственици преговараат за продажба на својот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) со тројца партнери, без да прецизира за кои партнери станува збор.

САД ѝ дадоа на Србија три месеци да најде купувач за нејзината нафтена компанија НИС, во руска сопственост, која е под санкции што би можеле да ги загрозат испораките пред зимата.

Руските „Газпром нефт“ и „Газпром“, кои заедно поседуваат контролни 56 проценти од акциите во единствената рафинерија за нафта во Србија, минатата недела испратија барање до OFAC, изразувајќи подготвеност да ја отстапат контролата врз компанијата на трета страна.

Санкциите врз рускиот нафтен сектор, вклучувајќи го и Газпром, беа воведени од OFAC во јануари, но за NIS тие беа одложени неколку пати и конечно стапија на сила на 8 октомври.

Вучиќ, исто така, ги отфрли обвинувањата дека Србија ќе ги обезбеди парите за купување на НИС и дека сопственикот ќе биде некој друг, додавајќи дека оваа недела ќе разговара со претставници на американскиот OFAC за да НИС добие лиценца додека траат преговорите за продажба.

„Не можеме ни да инсистираме на право на првенствено купување, на што како малцински партнер имаме право, бидејќи Русите ќе ни кажат дека тоа не е доброволна продажба, туку присилна продажба“, рече Вучиќ на регионалната бизнис конференција на Обединетото Кралство и Западен Балкан „Градење иднина“ и додаде дека Србија ќе имала пари да го плати рускиот удел во НИС, но дека Русите решиле да преговараат со други.
The post Вучиќ: Русите преговараат со тројца партнери за продажба на акции во НИС appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: