Вучиќ: Србија е определена за развој на соработката со САД

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес се сретна со конгресменот на САД, Ерик Сволвел, и во таа пригода нагласи дека Србија е посветена на промовирање позитивна, ориентирана кон иднината агенда во односите со САД, како и на фокусирање на развој на првенствено економска, но и други форми на заемно корисна соработка.

„Добар и значаен разговор со конгресменот и член на српската конгресна група, Ерик Сволвел, за билатералните односи меѓу Србија и САД. Разменивме мислења за актуелните регионални и глобални прашања, како и за модалитетите за зајакнување на соработката во политичката и економската сфера, како и во други области од заемен интерес“, рече Вучиќ на социјалните мрежи.

Претседателот на Србија изрази благодарност за континуираната поддршка на САД на процесот на европска интеграција на Србија и истакна дека економската соработка меѓу двете земји интензивно се развива, првенствено преку зголемување на инвестициите од американските компании, особено во секторите од стратешко значење за понатамошниот економски раст на Србија. „Република Србија е посветена на промовирање позитивна, ориентирана кон иднината агенда во односите со САД, како и на развој на првенствено економска, но и други форми на заемно корисна соработка“, нагласи Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: