Вчера измерено високо ниво на загаденост во воздухот

Грејната сезона само што е на прагот, а загадувањето на воздухот и оваа година претставува проблем за граѓаните.
Имено, и вчера според Мој воздух, мерните станици за мерење на ПМ 10 честичките покажуваат високо ниво на загаденост, додека пак во некои од општините не го ни мерат загадениот воздух.

Вчера во Куманово загаденоста на воздухот е 275 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, додека пак во Скопје – Ректорат се измерени 240 ПМ 10 честички, а мерната станица во Миладиновци покажува 217 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, додека Тетово со 182 микрограми на метар кубен. Додека пак во Велес, Кичево, скопски Аеродром, Бутел и Лисиче, Струмица и Битола мерните станици не работат.


Минатата година загриженост за неодговорноста и неспособноста на локалните власти и централната власт на Зоран Заев укажа и Американската амбасада во Скопје, кога во една објава на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер ја прашаа Владата и градоначалниците „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“.


За потсетување на јавноста, скоро сите кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ и Владата ветуваа дека ќе се донесе стратегија за чист и квалитетен воздух, но и после две години граѓаните продолжуваат да се гушат во загаденоста на воздухот.


Докторите, пак ги советуваат граѓаните поради над-нормалното загадување на воздухот да избегнуваат подолги периоди на отворена површина, а на малите деца, старите лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.